Вчерашната прослава на албанското знаме која беше проследена со низа инциденти има ракопис на обид за дестабилизација. На прв поглед тоа беше воочливо сценарио бидејќи беше координирано во исто време на повеќе места, но со ист перфоманс, коментира анализира воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски.
Тој случувањата ги коментира како демонстрирање на сила и еуфорија и праќање на некој вид на порака за контрола и обележување на територии.
Не изостанаа провокациите на етничка и врска основа и обид да се испровоцираат органите на прогонот. Но, тоа траеше 24 часа, денес епилогот е 8 притворени и секако нарушена меѓуетничка доверба. Координираноста во наративот и инцидентите говори дека сепак зад таа организација стои некој посериозен политички субјект. Нема атмосфера за спонтани изливи на фрустрации. Ова се пубертетски изливи на несериозни поединци и групи кои преку симболите покажуваат некоја супериорност. Голема е веројатноста дека одредена политичка партија во недостаток на креативни идеи применува веќе видени сценарија. Доволно долго се во пубертет. Сценаристите треба да пораснат. Денес светот говори за вештачка интелигенција. Мислам дека знаменоносците беа видливи во 19 век. Жално е толку млади луѓе да ја истурат својата енергија во политичка фрустрација, наместо во спорт, култура и знаење. Ако било кој од нив посетил повеќе време во читање, прво нема да дозволи да биде манипулиран, и како второ ќе знае дека непочит кон државата и знамето каде што живее и твори е и сопствена непочит. Ефтин обид за дестабилизација. Институциите ќе си ја завршат работата.