Собранието денеска ќе одржи две пленарни седници.
Во рамки на 33-та седница пратениците ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка.
На дневен ред на 27-та седница има само една точка – Предлог на законот за ратификација на Спогодбата за Инструмент помеѓу Европската Унија претставувана од Комисијата и Република Македонија претставувана од Владата на Македонија, за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата за Република Македонија, во согласност со Инструментот за реформи и раст.