Skip to main content

Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски, граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда, таа мора да се извини

Поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка на СДМ Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски, граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда, таа мора да се извини и да ја објави пресудата во медиумите, објави на својот профил на социјалните мрежи претседателот на Владата Мицкоски.

фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Ова не е е моја лична битка, ова е битка за принципи, за вистината, за достоинството на секој поединец кој не дозволува некзането да му лепат лаги, вели премиерот Мицкоски.

Според Мицкоски, лагите ќе паднат, а вистината победува.


Очигледно, лажењето како синдром на политичката култура и однесувањето на функционерите на СДСМ не престанува да биде нивен заштитен знак. Со оваа пресуда се потврдува не само дека лажат, туку и дека не се промениле. Продолжуваат да го потценуваат народот, верувајќи дека со клевети и манипулации ќе фрлат дамка врз мојата работа, и дека народот ќе се разочара. Но нашиот народ е мудар. Има искуство со политичари како овие од СДСМ, чии кариери се изградени врз измами, несовесност и недостиг на одговорност, вели Мицкоски.

Поврзани вести