Skip to main content

Син на експремиер од СДСМ го затвори протестот за Кочани

Синот на експремиерот Владо Бучковски го затворил вечерашниот протест за Кочани што се случи на плоштадот Македонија. Според видео од настанот синот на Владо Бучковски преку мегафон означил крај на вечерашниот протест кој во Скопје собра неколку илјади граѓани.

Појавата на Бучковски на протестот директно го урива наративот на иницијативата која наводно се бори за промена на системот.

Токму таткото Бучковски е човекот кој како висок функционер на СДСМ, до неодамна специјален пратеник на Заев и Ковачевски за спорот со Бугарија, го создавал системот кој неговиот син сега сака да го смени – пишува Експрес.

Бучковски беше портпарол, министер за одбрана и лидер на СДСМ како и премиер на Македонија до 2006 година по што беше суден за криминал со тенковски делови и осуден но поради застареност никогаш не отиде во затвор.

Синот на Бучковски до Кочани не бил експониран во политиката но сега по големата трагедија активно се појавува на политиката и граѓанската мапа на Македонија.

Поврзани вести