
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025 и оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.
-Вистински предизвик е да се разговара со претседателот Токајев за севкупните билатерални односи, но и за меѓународните, со оглед на неговиот научен, политички и висок дипломатски профил во рамките на ООН, истакана претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Обајцата изразивме спремност за проширување и продлабочување на односите во економијата и инвестициите, енергетскиот, градежниот сектор и обновливите извори на енергија, но и во културата, туризмот и науката, додаде во објавата.
Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ. Ние сме мала држава со стратешка локација и поволна клима за инвестирање на казахстанските компании.
-Треба да се искористи можноста за пласирање на македонското вино со врвен квалитет, но и на фармацевтските производи на казахстанскиот пазар. Исто така, треба да се разгледа можноста за визна либерализација во фунција на туристичка соработка, по примерот на земјите од регионот, истакна претседателката Силјановска-Давкова.
Се согласивме дека светот мора да му се врати на мирот. Заклучивме дека е време за официјална државна посета во Скопје или Астана, потенцира во објавата.