
Претседаелката Гордана Силјановска Давкова присуствуваше на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на Кралот на Холандија.
Уживав во друштвото на амбасадорката Узлем Џанел и си заминав со прекрасен букет од лалиња.
На кралот и на холандскиот народ им посакувам уште многу прослави во мир и благосостојба. Голема благодарност на Холандија за континуираната поддршка и помош во реформите на судството, владеењето на правото и јавната администрација, како столб на секоја европска демократија.
Холандија е силен поддржувач на нашиот европскиот пат и уверена сум дека ќе продолжиме да градиме мостови на соработка што водат кон заедничка, просперитетна иднина.
Честит Ден на Кралот!“, порача македонската претседателка.