Skip to main content

Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот Славески: Стручните и компетентни човечки ресурси се особено важни за доброто функционирање на Народната банка:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески.

Најпрво, гувернерот ги презентираше основните макроекономски показатели, а потем ја запозна со макроекономската политика. 

Тој го објасни влијанието на глобалните геостратешки трендови врз македонската економија, објаснувајќи ги главните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото.

Претседателката се интересираше за добрите страни на актуелната економска состојба, како и за недостатоците и ризиците.

Финалната оценка на гувернерот беше дека екомомијата е стабилна, со солиден раст, но мора да се внимава на увозната зависност и цената на храната и енергијата.

Обајцата сметаат дека стручните и компетентни човечки ресурси се особено важни за доброто функционирање на Народната банка.