Skip to main content

Сиљановска-Давкова: Чест ми е што сум меѓу гостите на Макрон

МИА

Македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека и е чест што е меѓу гостите на претседателот на Франција, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот.

Заедно со голем број светски лидери, меѓу кои и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, разговаравме за потребата од склучување мир со природата, како еден од главните предуслови за благосостојба на човештвото. Му благодарам на претседателот Макрон за одличниот прием по повод третата конференција на Обединетите Нации за океанот, истакна таа.

Поврзани вести