Еден од првите политичари на ДУИ, Артан Груби заврши на американската црна листа. Голем дел од граѓаните тоа го примија со воодушевување, без разлика дали станува збор за Албанци или Македонци. Груби и самиот велеше дека тој „не е во ДУИ за да мисли туку да ги спроведува задачите на Али Ахмети“.
Груби добро се снаоѓаше во сите влади, без разлика дали станува збор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Но, се чини дека во последната влада на СДСМ на чело со Таче и Заев навистина „аздиса“. Се чаламеше народски кажано.
Играше кошарка и фудбалче во канцеларија, „леташе орли“, ги правеше новинарите луди кога бараа да ги дознаат деталите за договорот со Бектел и Енка каде тој беше главен „подизведувач“, си се назначи за прв вицепремиер иако таква фунција не постои.
Ако се проневери еден денар од проектот за изградба на коридорите 8 и 10 да скапеме во доживотен затвор-велеше Груби.
Да се надеваме дека ова ќе треба наскоро да го докажува низ судските институции и Обвинителството.
Но, сепак на американската црна листа заглави за она што е негова специјалност, а тоа е корупцијата. Во образложението на Стејт Департментот стои дека со судијата Енвер Беџети чувале во фиока предмети за Сашо Мијалков.
Груби политичката кариера ја почна во 2011 година со настаните на Кале. Дотогаш беше само обичен водач на навивачката група „Шверцери“. Пред 13 години Груби како кадар на холандската амбасада ги предводеше протестите на скопката тврдина откако се прочу муабет дека таму ќе се гради црква.
Што ти е животот. Полн со симболики. На Кале ја почна политичката кариера, заради "Калето" ќе ја заврши…
— ☀ М (@arozgj) December 10, 2024
Како во филм, злосторникот се врати на местото на настанот. Како карма. Па полесно ќе му беше да го отепаа Русите отколку Американците да го стават на црна листа… https://t.co/ttSvUcHrSX pic.twitter.com/5cbDuIpE1q
Тогаш Груби, во нешто поинаков стајлинг и со долга коса маваше со камења по новинарите кои известуваа од настанот. Што ти е живот. Политичката кариера му заврши исто така на Кале, но на она политичкото. Не за џабе се вели дека животот е круг.