Skip to main content
FUMB1FovS1k

Секое пробивање меѓу највлијателните луѓе во една од најмоќните држави во светот е успех за цела држава и за сите Македонци, не само за Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ

Присуството на премиерот Христијан Мицкоски на инаугурацијата на американскиот претседател трамп во САД и покрај тоа што беше една од најуспешните дипломатски мисии во последно време, кај нас дома можеа да се прочитаат и чујат секакви злобни и малоумни чуда во однос на неговото присуство на оваа голема свеченост во Вашингтон, вели во својата редовна колумна „Седмица“ Коле Чашуле.

Преку видеа и фотографии видовме дека тој оствари најмалку дузина тет-а-тет средби со луѓе од најважните сегменти за една држава. Крис Павловски, Џон Битов, Дејвид Нунњес, Ричард Гренел…и на крајот со Александар касанов, помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан. Средби со луѓе од областа на безбедноста, бизнисот и политиката. И секое вакво пробивање меѓу највлијателните луѓе во една од најмоќните држави во светот е успех за цела држава и за сите Македонци, не само за Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ. Секоја поддршка од најмоќните за нашите ставови и борба, наспроти антимакедонските е добредојдена и посакувана, дури и неопходна. И тоа го сотија во право време и на право место, со прави луѓе, вели Чашуле.

Поврзани вести