Skip to main content

Се интензивира кампањата за Локалните избори

МИА

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што започнува во петок на 17 октомври на полноќ и гласањето на 19 октомври. Политичките партии и коалициите одржуваат митинзи, средби со граѓани, а активни се и на социјалните мрежи. Низ 80-те општини и особено во Градот Скопје се забележливи и големи билборди со кандидатите за градоначалници. Независните кандидати ја реаизираат кампањата, генерално, со прес-конференции, средби со граѓаните и особено на социјалните мрежи.

Денеска на 11 Октомври – Денот на востанието, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Демир Хисар. Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во централниот Штаб во центарот на градот.

СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Желино, Теарце, Тетово и во Јегуновце.

Претставниците на ПП Левица ќе одржат средби со граѓаните на Прилеп, Куманово, Старо Нагоричане и Кривогаштани.

Во Скопје прес-конференција најави и Зелен хуман град.

Во Гостивар прес-конференција ќе одржи кандидатот за градоначалник Висар Адеми.

На митинзите и средбите со граѓаните, на медиумските претставувања и на социјалните мрежи, кандидатите за градоначалници и за советици зборуваат за своите програми и проекти, но кампањата ја предводат лидерите на партиите и коалициите.

Поврзани вести