
Единствени кои се евакуираат се екслидерот на СДСМ, Заев и Филипче со стекнатиот капитал и украдените народни пари во Дубаи. СДСМ тоне со сопствениот рејтинг откако државата ја опустошија а народот го осиромашија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е партија каде партиските функционери секој ден се со скандали со дрога, криминал и корупција.
СДС е партија кој во своите редови има наркодилери, конзументи и е нивен заштитник а Филипче не се огради ниту од Слаѓан Марковски од Гостивар, ниту од Јон Фрчкоски и Андон Стојков кој за само неколку месеци се фатени со дрога.
СДС е партија која во Струмица училиштата ги користи за партиски состаноци.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, отворање на нови работни места, повисоки плати и пензии.
СДС е синоним за неспособност предавства и криминал.