Skip to main content
Барање од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ да престане да ја политизира трагедијата во Кочани

Владата помага и на повредените од трагедијата, и на оние кои имаат некаква трауми од истата, и на оние кои за семејства кои за жал изгубија свој близок од истата, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата ја стави на располагање целата државна помош којашто им е потребна на оние кои се со последици од трагедијата. И тука нема да застанеме, затоа што ова е процес којшто ќе трае со години, а Владата нема да ги заборави овие граѓани, како што СДС и ДУИ ги заборавија повредените и загинатите од Ласкарци, Беса транс, Модуларна болница, Онкологија, КОВИД кризата и сите оние коишто не добија ниту правда, ниту одговорност, ниту помош од државата.

Инаку, Законот кој го предложува СДС е предводен од Филипче и Спасовски, луѓето кои беа директно одговорни за сите оние трагедии во изминатиот период, а за жал, македонската јавност не доби никакви одговори.

СДС, Филипче и Спасовски, треба да се засрамат и да престанат да глумат загрижени, и да прекинат да ја политизираат трагедијата во Кочани.

Повторуваме уште еднаш, одговорност и правда ќе има!

Поврзани вести