Skip to main content

Рудник САСА и годинава со празнична поддршка за вработените и локалната заедница

 Во периодот на новогодишните и божиќните празници, Рудник САСА, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на општествена одговорност, реализираше низа активности насочени кон поддршка на вработените и на локалната заедница во Македонска Каменица.

Како дел од празничните активности, беа донирани 57 ќебиња за згрижените лица во Дневниот центар за лица со посебни потреби и за членовите на Здружението „ПОРАКА“ од Македонска Каменица. Во соработка со општината, Рудник САСА обезбеди и пакети со храна за 220 семејства од социјално ранливи категории, со цел да се олесни празничниот период за најзагрозените граѓани.

Посебно внимание, како и секоја година, беше посветено на најмладите. Преку својата Фондација, Рудник САСА обезбеди 160 новогодишни пакетчиња за децата од детската градинка „Бамби“, како и 431 пакетче за учениците од основното училиште „Кирил и Методиј“. Пакетчињата содржат производи од компанијата „Макпрогрес“ од Виница, во знак на солидарност по неодамнешниот пожар што го зафати нејзиниот производствен погон.

Во рамки на празничната традиција на благодарност, Рудник САСА обезбеди и подароци и свечена вечера за дежурните тимови во службите за итна медицинска помош, противпожарната единица и полицијата, како и за вработените во рудникот кои работеа за време на новогодишната ноќ.

Покрај активностите насочени кон заедницата, на сите вработени во Рудник САСА им беше исплатен празничен паричен надоместок и доделен новогодишен подарок, како израз на благодарност за нивната посветеност и професионален ангажман во текот на изминатата година.

И покрај предизвиците со кои се соочувавме во текот на годината, продолживме да вложуваме во луѓето и во заедницата. Веруваме дека токму во празничните денови солидарноста и грижата имаат особено значење“, истакнуваат од менаџментот на Рудник САСА.

Со овие активности, Рудник САСА и неговата Фондација уште еднаш ја потврдуваат својата долгорочна посветеност кон благосостојбата на вработените и кон поддршката на локалната заедница.