Раководството на ТОАРИЛУЦ започнува со отворени денови, секој втор понеделник во месецот, почнувајќи од 13 до 15 часот во салата на трети спрат на Клиника за ортопедија.
Целта е одблизу и во директна комуникација со пациентите да ги слушнеме нивните сугестии, забелешки, поплаки и пофалби од нашите пациенти.
Во рамки на постојните ресурси на Клиниката ќе се обидеме заедно со раководителите на одделите за трауматологија, ортопедија и КАРИЛ да излеземе во пресрет на барањата.
Нашата цел е унапредување на состојбите на нашата Клиника која е единствена од ваков вид во терциерното здравство, каде се третираат најкомплексните состојби од овие области во цела држава, вели проф.д-р Марија Јовановски Срцева, директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.