Skip to main content

Проблемот со превозниците од Западен Балкан ќе се решава на средба во Скопје

 Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. 

Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. 

Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.

Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат изземање на професионалните возачи од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. Тие упатија писмо до Европската унија со барање за директна средба.

Поврзани вести