Skip to main content

Приведени Папазов и двајца екс градоначалници на Кочани – Илиев и Димитровски

Уапсени тројцата градоначалници на Општина Кочани: Ратко Димитровски градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ , Николче Илијев од редовите на СДС, и доскорешниот Љупчо Папазов.

Од Обвиннителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Поврзани вести