Skip to main content

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Петровец

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе ја посети општина Петровец, информираат од прес службата на владата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на изградба на спортска сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, Општина Петровец.Потоа, ќе изврши увид на изградба на три улици во населено место Ржаничино, како и увид на асфалтирање на локалниот пат Катлановска бања- Градманци, се вели во соопштението на Владата.

Поврзани вести