Skip to main content

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на нова градинка во Кочани. 

Во градинката ќе може да се згрижат 114 деца од девет месеци до шест години.

– Објектот „Детелинки“, во состав на јавната општинска установа за деца, детска градинка „Павлина Веліанова” во Кочани, е со нето корисна површина од 1.011,64 м2 и двор од 2.510 м2. Во објектот ќе се згрижуваат сто и четиринаесет (114) деца, од девет (9) месеци до шест (6) годишна возраст, организирани во шест (6) групи, согласно Законот за заштита на децата, информираа од владината прес-служба.

Поврзани вести