Skip to main content

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес

Утре 07.02.2025 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).

Објектот е со катност приземје и 5 ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 м2.

Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 ден денари без ДДВ.

Исто така во Општина Велес ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен. Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849м2, односно плоштад  317м2, фитнес терен 95м2, спортско игралиште 1320м2, игралиште за деца 96м2 и пинг понг маса  21м2.

Поврзани вести