Skip to main content

Пратеникот Снопче побара повторно отворање на случајот „Монтрум“ за убиството на Смилковското езеро

На денешната седница за изборот на Јавен обвинител, дел од пратениците проговорија за случајот „Монструм“ па дури имаше и барања за поторно отварање од страна на претеникот Снопче.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека се прави злоупотреба на трагедијата и болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски.

„Не можам да поверувам дека во 2026 година вие и претходниот говорник сте единствените кои верувате на тезите на зоран заев од 2015 година, а во 2021 година ги демантираше. Во 2015 година во интервјуа велеше дека овие што се во затвор не се виновни и дека други се виновни, а во 2021 година кажа дека тоа биле лични впечатоци, негови видувања, дека немал податоци, документи и разговори туку се му било врз основа на прашања од новинари, па споделувал видувања и чувства. Со што добри шест години стави во катастрофална состојба членови на семејства кои изгубија деца. Да злоупотребувате судбина на семејства кои ги изгубија најблиските, е срамно“, рече Николоски.

Поврзани вести