Skip to main content

Пратениците ги избраа Адмир Шабани за заменик-министер за одбрана и Дритон Сулејмани за заменик-министер за образование

Собранието, во рамките на 90. седница, денеска, со 71 глас „за“ и 11 „против“, за заменик-министер за одбрана го избра Адмир Шабани, а за заменик-министер за образование и наука, Дритон Сулејмани.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, образложувајќи ги предлозите, истакна дека изборот на двајца заменик-министри е решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на зајакнување на институциите, на враќање на довербата во државата и на градење систем што работи во интерес на граѓаните.

Нашата обврска како Влада е да поставиме луѓе што имаат знаење, интегритет и чувство за државна одговорност. Луѓе што ќе работат посветено, професионално и чесно, во служба на државата и на сите граѓани – рече Мицкоски.

Мицкоски во дебатата одговори на обвинувањата на Халил Снопче од Алијансата за Албанците, кој го критикува предлогот за заменик-министри, но и работата на Владата.

Поврзани вести