Skip to main content

Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК

МВР

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што беше речено на денешната седница, ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање.

Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лица, не е уредена и постапката за добивање одобрение за набавка на експлозивни материи, не е утврден надлежен орган кој ќе одлучува по барањето, ниту се пропишани рокови за постапување, а недостасуваат и јасни услови, критериуми и документација.

Повеќе од 15 години од донесувањето на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, од 2007 година до април 2025-та, не е предвидена конкретна забрана за употеба на пиротехнички средства во затворен простор што е значајна правна празнина и потенцијален извор на регулаторен и безбедносен ризик. Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејекти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста. Ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност, ограничени услови за санкционирање, различна пракса во спроведување на законските одредби, како и потенцијал за селективна примена и толеранција на прекршување. Задолжителна е навремена интервенција со прецизни забрани особено во случаи каде јавното здравје и безбедноста на граѓаните се директно загрозени, треба да се утврди механизам за редовна ревизија на прекршочните одредби и да се разгледа воведување задолжителна оценка на безбедносен ризик при секое барање за дозвола на јавни собири, настани и активности во затворен простор каде е можна употреба на пиротехника – истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата.

Претходно на седницата беше нагласено и дека се констатирани низа пропусти во Законот за угостителска дејност.

Поврзани вести