Skip to main content
Истакнат правник и научник со длабок траг во македонската правна наука

Почина професорката Мирјана Поленак Акимовска

Почина професорката на Правниот факултет, Мирјана Поленак Акимовска. Веста на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот колега, Гордан Калајџиев.

Замина уште еден голем професор, Мирјана Поленак Акимовска, бескрајно ја сакав и почитував, а таа ме поддржуваше кога ми беше најтешко“, напиша тој.

Мирјана Поленак Акимовска беше реномирана македонска професорка по правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и авторка на повеќе дела во областа на римското право и интелектуална сопственост. Беа познати нејзините публикации како: „Избор на текстови од римското право“ (212 страници, Софија, 2020); „Le Contrat De Dépôt…“ – студија за влијанието на римското право врз современиот депозитен договор во РМ; Различни анализи за авторско право, трговски марки и интелектуални права во Македонија и САД;.

Таа учествуваше и како коавтор во изданија за реторика, стил и правна методологија, во соработка со акaдемици.

Во научната заедница беше почитувана за својата посветеност, педантност и способност да ги поврзе теоретските основи на римското право со современите правни предизвици. Остави важен придонес во развојот на македонската правна наука и образование.

Поврзани вести