
Многукратно е зголемена продажбата и сервисирањето на ПП-апаратите, потврдуваат за „Слободен печат“ дел од фирмите што со години се занимаваат со овој бизнис. Дел од нив додаваат дека оваа недела продале противпожарна опрема како за цела година. Но, откриваат и дека поради зголемениот интерес за неа, но и поради брзиот увоз, дистрибутерите ја зголемиле цената од 5 до 7 отсто!
Законот пропишува дека на секои 50 квадрати треба да поседувате по една боца со тежина од 9 килограми, што значи дека дискотеките и ноќните клубови би требало да поседуваат најмалку три до четири вакви апарати, но и повеќе. Бизнисмените што се занимаваат со противпожарната заштита тврдат дека сите ПП-апарати од увоз се со ЦЕ-ознака и се сертифицирани од Хамбург институтот, но дека има и неодговорни компании што увезуваат нестандардизирана опрема, каков што беше случајот од пред неколку години, кога на пазарот се појави вакви кинески апарати.
Искусни лица од оваа бранша со горчина, констатираат дека требаше да се случи една ваква трагедија како пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за фирмите да се свестат и да се сетат дека задолжително треба да поседуваат ваква опрема.
Целиот текст овде.