СДС останаа последното упориште на Артан Груби, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Само СДС не се отргна од Груби. Месец дена СДС молчи за Груби. Да не беше СДС и нивната желба за власт по секоја цена во прв ред немаше воопшто да се случи Груби. Артан Груби направи милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив. Во таква ситуација СДС не може да кажат дека не знаеле што прави Артан Груби. Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите. СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ – истакна Петрушевски.
Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше, додава Петрушевски.