Skip to main content
JF3y3sd4MOg

Перински: Во моментов, никој не води доволно сметка за регионалниот развој, тоа навистина сакам да го смениме

Screenshot/Youtube

Министерството за локална самоуправа третира две суштински теми, тоа е локалната самоуправа, но за мене исклучително битна е втората тема, а тоа е регионалниот развој. На тој сегмент до сега сме многу слаби, но сега почнуваме да градиме капацитети за да можеме да се адаптираме за потребите и политиките коишто ни ги нуди Европската Унија. Мораме да влеземе спремни во процесот на зачленување во ЕУ и мораме да знаеме што сакаме кога ќе влеземе во Унијата, кога ќе имаме пристап до фондовите што таа ги нуди на своите земји членки – смета министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Во разговор за Заспиј ако можеш, на ТВ Алфа, Перински нагласи дека како Владата сега е насочена кон градење на реформа внатре во рамки на Министерството, за да можеме да се адаптира Министерството согласно сите останати земји и нивните ресори за локална самоуправа и регионален развој.


Никаде во регионот нема веќе Министерство за локална самоуправа, туку тие се Министерства за кохезија и регионален развој и слично, и мислам дека тоа е соодветно, бидејќи ова се примери на земји кои веќе го минале овој пат, кој ние допрва треба да го одиме. Во моментов, никој не води доволно сметка за регионалниот развој и јас тоа навистина сакам да го смениме, тоа е еден од императивите на оваа Влада – додаде Перински.

Процесот на иновирање на Законот за локална самоуправа е почнат со УНДП, а вклучени се четири домашни експерти и еден интернационален експерт, којшто ќе се aнгажира во периодот којшто ќе следи.

Целата процедура ќе се спроведе на максимално транспарентен и отворен начин. Планирано е со дополнувањето на Законот да биде овозможено и функционирање на комунална полиција, со цел да се елиминираат девијантни однесувања на групи граѓани. Планирано е во законската рамка да се вметне дел со кој ќе се овозможи поголемо учество на граѓаните во креирање на локалните буџети – изјави Перински.

Поврзани вести