Skip to main content

Перински: Соработката со Мировниот корпус е уште една силна потврда за стратешкото партнерство со САД

Чест ми е што денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, претседателката, Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска имав можност лично да запознаам посветени луѓе – волонтери со голема мисла и искрена намера, кои одлучија дел од својот живот да го поминат во нашата убава земја, објави на својот фејсбук профил министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Соработката со Мировниот корпус е уште една силна потврда за стратешкото партнерство со САД.

Досега над 100 волонтери работеа во повеќе од 50 општини ширум државата.

Овој нов циклус носи поддршка во општините Демир Капија, Гостивар, Тетово и Кичево, каде што вратите секогаш се широко отворени за нови волонтери и нова енергија.

Благодарност до Мировниот корпус и успех на волонтерите кои ја избраа Македонија како место каде што ќе создаваат промени.

Поврзани вести