
Остварив работна средба со Дејвид Сип, виш резидентен директор на проектот „Зајакнување на отпорност на корупција“ од Националниот демократски институт (НДИ) во земјава, на која разговаравме за тековниот проект кој се реализира во општините Куманово, Битола, Боговиње, Гази Баба, Струмица и Штип.
✅Преку низа активности се врши зајакнување на општинските системи за интегритет кои ги минимизираат ризиците од корупција при процесите на јавите набавки, урбанистичкото просторно планирање како и во делот на функционирањето на јавни претпријатија, управувањето со отпад и образованието.
👉🏻Со задоволство ја прифатив поканата на високиот претставник да бидам дел од советодавниот одбор на проектот и да придонесам во неговата реализација.
Проектот е поддржан од Швајцарската програма за соработка и од Шведската агенција за развој (СИДА), а освен Министерството за локална самоуправа, во него се вклучени и Министерството за јавна администрација и Министерството за дигитална трансформација – напиша министерот за локална самоуправа, Златко Перински на својата фејсбук страница.