Skip to main content

Перински: Ги поддржуваме сите процеси што водат кон подобро локално управување

Го одржавме вториот состанок на Советодавниот одбор на проектот „Заедници со интегритет“, на кој повторно во фокус беа темите за унапредување на интегритетот, транспарентноста и спречување на корупција, напиша министерот за Локална самоуправа Златко Перински.

Една од клучните точки на дневниот ред беше и процесот на подготовка на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, документ што треба да постави јасни стандарди и приоритети во оваа област.

Продолжуваме со конструктивна работа и со поддршка за сите процеси што водат кон подобро локално управување.

Поврзани вести