
Зошто да отидам во месноста дупки и да убивам. Ако останатите обвинети толку се плашеле од мене дека ќе ги убијам нив или семејството сум можел само да им наредам, рече пред судот Љупчо Палевски Палчо за време сведочењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Тој зборувајчи за украдениот автомобил на Жежовски, кој наводно бил земен за да се изврши киднапирањето на Вања рече:
Цитроен канта е е поевтин од мојот Ајфон, рече Палевски.
Понатаму вели:
Жежовски самиот тврдел дека Велибор Манев е под заштита на Обвинителството во Велес.
За родителите на Вања вели дека не знаел ништо за нивниот живот.
Не знаев дека Александар и Зорица Ѓорчевска се разведени, тврди Палевски на прашањето за родителите на Вања.
Тој додаде:
Ако е користољубие ќе имаше засолниште за девојчето а не веднаш убиство. Затоа нема мотив и дадов споредба со класичен криминален ум. Јас во списите прочитав дека имотот вреди 250 000 евра и доколку Зорица биде убиена законски наследник е Александар.