
Директорот на Железница Инфраструктира Синиша Ивановски информира дека почна постапката за средување на железничката станица во Скопје.
„Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата“, напиша тој на Фејсбук и им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.
Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

Македонски







