
Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко, велат од ВМРО ДПМНЕ.
СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер.
Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ.
Правниот систем е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата, обвинуваат од владејачката ВМРО ДПМНЕ.