Skip to main content

Општина Гостивар донираше 1.000.000 денари за семејствата на жртвите и повредените: Трагедијата во Кочани е голема рана, но и предизвик што нè упатува да бидеме пообединети

Општина Гостивар денеска одобри финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани.

Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, која започна со едноминутно молчење во чест на 59-те животи загубени во трагичниот пожар на 16 март.

– Трагедијата во Кочани е голема рана, но и предизвик што нè упатува да бидеме пообединети. Му се заблагодарувам на Советот на Општината што го поддржа мојот предлог да се придонесе со 1 милион денари за семејствата на погодените. Нивната болка секој ден е во нашите срца – рече градоначалникот Валбон Лимани.

Поврзани вести