
Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкурентност, наведува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во посета на САД.
Николоски истакнува дека инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата биле главни тема на разговорите на високо ниво што ги водел со претставниците на Светска банка во Вашингтон.

Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата.Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност. Ги презентирав плановите за реализацијата на клучните стратешки коридори 8 и 10. Зборувавме и за можностите за модернизација на целата железница во државата. Најавуваме нови проекти за општините со кои ќе го подигнеме локалниот економски развој и квалитетот на живот на нашите граѓани – објави на својот фејсбук профил вицепремиерот Николоски.

Македонски

