Skip to main content

Николоски: Орце Ѓорѓиевски ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје

Убеден сум дека и Скопје ќе го направи правилниот избор. Со самото тоа што Орце Ѓорѓиевски води со повеќе од 3:1 во првиот круг, јасно е што ќе се случи во вториот круг, односно Орце ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје, изјави денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Одговорајќи на новинарско прашање за противкандидатите во општина Карпош Стевчо Јакимовски и во Град Скопје Амар Мециновиќ од Левица и дали очекува поддршка од СДСМ во Карпош за нивниот кандидат Сотир Лукровски и во Град Скопје за Орце Ѓорѓиевски, Николоски рече дека во Карпош противкандидатот е на „црната листа“ на САД и додаде оти веќе е осуден од Основниот суд за криминал во општината.

Тоа е човекот кој е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош ќе имаме убедлива победа зошто жителите на Карпош сигурен сум дека дека нема да гласаат за човек кој веќе е осуден за крминал и кој е на „црната листа“ на САД повторно заради криминал и корупција и човек кој ја уништи општина Карпош, особено урбаниот дел. Можеме сите да видиме на што личи Карпош сега, а сите се сеќаваме на што личеше пред неговите мандати како градоначалник, рече Николоски.

Во однос на ПП Левица, како што рече, таму е јасна нивната ориентација. – Таа е спротивна на геостратешките определби и заложби на Македонија, што мислам дека е од огромна штета на Македонија затоа што македонскиот народ секогаш страдал кога правел погрешни геостратешки избори. Сега имаме правилен геостратешки избор. Ние сме старетешки партнери со САД, а од мај оваа година и со Велика Британија, со двете најмоќни светски сили имаме стратешки партнерства. Членки сме на НАТО, сакаме да бидеме членки на ЕУ. Тоа за жал не зависи само од нас и тоа е една од причините зошто Македонија напредува. Видете ја и економијата како движи во оваа една година и три месеци каде главниот извоз е токму кон земји од западниот свет. Така убеден сум дека и Скопје ќе го направи правилниот избор. Со самото тоа што Орце Ѓорѓиевски води повеќе со 3:1 во првиот круг, јасно е што ќе се случи во вториот круг, односно Орце ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што рече, сега се во таква ситуација и во такви проблеми и ќе се занимаваат со себе, а не со поддршки на било кого.

Прашан дали очекува поддршка од ДУИ за Град Скопје, Николоски рече дека и ДУИ се во таква ситуација и ќе се занимаваат повеќе со себе, а не со поддршки.

Мислам дека е фер да ги прашаме ДУИ како е тоа возможно да имаме така интересни резултати за Левица во Чаир и дали е тоа случајно или не. Да прашаме јавно дали ќе потврдат сега дека имаа договор со Левица да ги поддржат во Скопје, а овие за возврат да извадат кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар итн. Ама таа тактика им пропадна со вчерашните избори. Нашите партнери се јасни, тоа е Коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ на Максим Димитриевски и остануваме со нив, изјави Николоски.

Прашан како ја коментира разликата од околу 130 илјади гласови споредено со парламентарните избори, Николоски рече дека локални се мерат со локални избори, парламентарни со парламентарни, а претседателски со претседателски избори.

Така се прават споредбите. Излезеноста е некаде слична на локалните избори 2021 година, изјави Николоски.

Поврзани вести