
Заедно со претседателот на Владата, Hristijan Mickoski сме на првиот лет од новата авиолинија Скопје – Будимпешта, која започнува од денеска.Ова е линија која отвора нови економски, туристички и пријателски односи меѓу Македонија и Унгарија,објави вицепремиерот Николоски.

Скопје – Будимпешта создава нова можност за патување, студирање, водење на бизнис и полесно поврзување со останатите европски и светски центри.Ова ја потврдува политиката на Владата за привлекување на нови авиолинии и мапирање на Македонија како атрактивна дестинација за странските туристи.
Авиосообраќајот во Македонија веќе втора година бележи силен подем, а веќе од почетокот на годината бележиме нов раст на бројот на патници од 30 %.

Македонски



