
Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура.
-После тешката штета нанесена од кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железница вечерва одржавме координација со директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски и Железница Транспорт Дејан Кошутиќ. Сакам да ги информирам граѓаните дека градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има, стои во објавата од Николоски.
Во неа нагласува дека е убеден оти со брзата реакција на МВР крадците ќе бидат пронајдени и ќе одговараат.
-Благодарам на министерот Панче Тошковски за брзата реакција. Ние градиме, други уништуваат! Ние ќе победиме!
Ја градиме Македонија – напиша Николоски на својот фејсбук профил.

Македонски


