
Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите дека наводно се запалил брод во Охридското езеро и дека во тек е евакуација.
Станува збор за вежба организирана од страна на МВР, а во склоп на караванот „До вас, за вас“.
Од МВР апелираат да не се шират невистини кои предизвикуваат несигурност кај граѓаните.