
Над 50% од луѓето сметаат дека СДСМ не е исчистена од криминал, покажува последното истражување на МКД.мк, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн.
Во однос на случувањата во СДСМ и нивните функционери вмешани во криминални и коруптивни зделки, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека СДСМ сѐ уште не се исчисти од луѓето кои се дел од такви скандали.
Перцепцијата на граѓаните е дека лидери на опозицијата во Македонија се Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица). Речиси половина од испитаниците не знаат кој политичар да го посочат.
Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.
Целото истражување на МКД.мк