Skip to main content

Нацева: Реконструкција и изградба на улици во Тремник, подобра патна инфраструктура за жителите

Марија Нацева, кандидат за градоначалник на општина Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски извршија увид во неготинско село Тремник, каде во тек е реконструкција на улица.

„Се наоѓаме во село Тремник, место каде што ние како Општина Неготино аплициравме со проект и јавен повик којшто го имаше објавено Министерство за транспорт и притоа добивме средства, се со цел да направиме асфалтирање на улицата која што жителите на село Тремник долги години ја очекуваа“, истакна Нацева.

Нацева истакна дека општина Неготино претставува пример како во соработка со централната власт може да се напредува и да се реализираат проекти.

„Претходно изградивме потесен цевковод, во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, а сега продолжуваме интензивно со работа на терен каде што во следниот период ќе се асфалтира улица во должина од околу 850 метри“, заклучи Нацева.

Поврзани вести