
Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка и јавно ја осуди секоја форма на насилство и незаконско постапување. Началникот од Демир Хисар е разрешен од функцијата. Ова е борба за принципи и морал, борба што се покажува на дело, за разлика од времето на прогон, нечовечко и злосторничко постапување на партиската полиција на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Али Ахмети, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
За сторен престап, началникот во Демир Хисар е разрешен. Но, ќе потсетиме на времето кога подивените орди на Заев, Филипче, Спасовски и Ахмети, го имаа целиот апарат на присила под своја команда.
Партиската полиција на Спасовски правеше упади во домовите на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, вршеше претреси и ги влечеше со лисици пред малолетни деца. Гордана Јанкулоска ја однесоа во затвор и ја осудија поради „мерцедесот“ кој, наводно, го гребеле мачки, а потоа го возеше Заев. Друга жена, под тортура на партиската полиција на СДС и ДУИ, го загуби плодот и детето во затвор.
Миле Јанакиески го враќаа со полиција пред вратата на својот стан три пати – за да го снимат камерите – и секогаш го носеа во притвор како дефокус од новите афери на Заев. Спиро Ристовски и Миле Јанакиески беа физички нападнати во затвор, а други политички притвореници намерно беа сместувани во ќелии со сериски убијци, педофили и силувачи.
Ова е само мал дел од погромот, тортурата и политичките пресметки што ги вршеа Заев, Филипче и Ахмети – и кои никогаш нема да се заборават.