Skip to main content

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на предновогодишен собир со вработените и Генералштабот на Армијата, врачени признанија

Фејсбук профил на Владо Мисајловски

Предновогодишен собир со вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, на кој беа врачени признанија по повод пензионирање на припадници на Армијата и Министерството како знак на благодарност за нивната посветена и професионална работа во текот на годините.

Професионалноста и трудот на вработените во министерството и припадниците на Армијата претставуваат силен столб на македонската одбрана. Нивниот придонес оставa траен белег во градењето на безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните.

Со искрена благодарност до сите вработени во Министерството за одбрана и до сите припадници на Армијата, ја заокружуваме годината со почит кон вложениот труд и со заедничка заложба и понатаму да ја јакнеме одбраната и стабилноста на татковината, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Поврзани вести