
По повод големиот христијански празник Божиќ, министерот Горан Минчев упати искрени честитки до граѓаните, со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом.
Во честитката, тој посочи дека Христовото раѓање е симбол на светлина, надеж и љубов, изразувајќи уверување дека празничните денови ќе бидат поттик за заемна почит, солидарност и заедништво во општеството.
Министерот Минчев нагласи дека со одговорност и посветеност треба да се продолжи со градење јавна администрација која е ефикасна, транспарентна и вистински во служба на граѓаните.
„Христос се роди! Среќен и благословен Божиќ!“, порача министерот во честитката.

Македонски




