Skip to main content

Министерот Минчев изрази сочувство до семејствата на загинатите во Кочани

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани.

Тој изразил длабоко сочувство до семејствата на загинатите, истакнувајќи ја важноста на солидарноста и заедништвото во овие тешки моменти.
 

-Нема зборови што можат да ја опишат болката од загубата на човечки животи во оваа трагедија. Во овие тешки моменти, најважно е да останеме обединети во тагата и поддршката за семејствата на загинатите, вели Минчев.

Оваа трагедија, додава тој, не потсетува на нашата заедничка одговорност да работиме на превенција и заштита, за да не дозволиме вакви несреќи да се повторат. 

Поврзани вести