Skip to main content

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, истакна дека јавноста може да биде спокојна и мирна, затоа што темата мигранти и азиланти е манипулативна политичка тема.

До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема“, истакна Милошоски.

Во гостување на Канал 5 телевизија, Милошоски нагласи дека Македонија и Велика Британија имаат потпишано договор за инвестиции, соработка и проекти, без никаква обврска поврзана со мигранти.

Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДСМ особено кај претседателот на СДСМ, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДСМ, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДСМ ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање“, изјави Милошоски.

Тој информираше дека бројот на азиланти коишто имаат добиено статус на бегалци во Македонија е 14 лица од кои девет се државјани на Косово, три на Конго и две на Сирија.

На прашањето зошто Владата не ги демантирала објавите во британските медиуми, Милошоски посочи дека самата изјава на премерот во која тој тврди дека такво нешто нема има доволна тежина и е доволен демант. 

Поврзани вести