Skip to main content

Мицкоски: Зајакнување на економските врски, трговијата, инвестициите и технолошкиот развој со Стопанската комора на Дубаи

Влада

За време на престојот во ОАЕ, ја посетив и Стопанската комора на Дубаи, каде што се сретнав со претседателот и дел од раководниот тим, информираше на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.

Разговаравме за конкретни иницијативи кои можат да придонесат за зајакнување на економските врски, особено во делот на трговијата, инвестициите и технолошкиот развој. Имавме можност да размениме идеи за поддршка на претприемништвото и промоција на деловните потенцијали кои ги нудат нашите земји.

Средбата остави простор за натамошна соработка и нови заеднички чекори.

Поврзани вести