Skip to main content

Мицкоски за претседателката на ДКСК: Да почекаме како ќе се произнесе обвинителството, а потоа да судиме дали некој има кредибилитет или легитимет

Да почекаме да се произнесе обвинителството, а потоа да судиме дали некој има кредибилитет или легимитет, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање дали откако претседателката на Државната Анткорупциска комисија (ДКСК), Татјана Димитровска е обвинета во случај со високо профилна корупција, телото со кое раководи има легитимет и треба да продолжи со работа.

Јас колку што знам нема обвинувања, има основано сомневање за некаква предистрага и тоа е процес, којшто треба да го води обвинителството, а ниту никој не треба да биде осудуван предвреме, бидејќи секој има право на презумција на невиност. Така што да почекаме како ќе се произнесе обвинителството, а потоа да судиме дали некој има кредибилитет или легитимет – изјави Мицкоски.

Што се однесува на прашањето за обвинувањата за продажбата на националниот идентитет, конкретно за поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и дали ќе се преземат некакви мерки, премиерот Мицкоски со одговор дека ако некој нешто треба да преземе, тоа е обвинителството и нема што да додаде.

Видете ако некој превзема, би требало да превезма обвинителството и тука јас не би имал што да додам. Тоа е независен орган и би требало тоа прашање нив да им го пратите: Дали се прекршени Закони, овластувања, Устав, итн – рече Мицкоски.

Поврзани вести