Skip to main content

Мицкоски за црната листа: Во периодот што следи уште многу потврди на сето она што сме го имале како сомневање ќе излезе во јавност

На денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски за вчерашната одлука на Стејт Департментот на САД во која ги ставија поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата на апелациониот суд на црната листа вели „ние во минатото многу пати зборувавме за сето ова за коешто сега и официјално нашите стратешки партнери, меѓународната заедница го посочува“.

Ги имате таму причините зашто се тие практично дел од оваа листа на санкции. Ние во минатото многу пати зборувавме за сето ова за коешто сега и официјално нашите стратешки партнери, меѓународната заедница го посочува. Јас можам само да кажам дека во периодот којшто следи уште многу потврди на сето она коешто сме го имале како сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена, изјави премиерот.

Поврзани вести