
Зајакнување на соработката, особено во сферата на евроинтеграциите, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамки на Европската Унија, биле темите на кои денеска во Лондон се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад.
Денеска во Лондон одржав средба со Бенжамин Адад, Француски министер за Европа. На средбата разговаравме за продлабочување на соработката меѓу нашите земји, особено во контекст на европските интеграции, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамките на Европската Унија, објави Мицкоски на Фејсбук.
На средбата, додаде премиерот, размениле и мислења за актуелните европски и глобални предизвици и ја потврдиле посветеноста за унапредување на партнерството и дијалогот.
Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација во британската престолнина на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, а во нејзин состав се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани.